47. издание на Фестивалот „Денови на македонска музика“

од admin_kult

Со концерт на Воениот оркестар на Армијата под диригентската палка на Горан Илијевски во големата сала на Филхармонијата, денеска, 22 март (петок), почнува 47. издание на Фестивалот „Денови на македонска музика“.

На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата на  Фестивалот е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите: Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски, но и јубилеите на МРТВ – 80 години од основањето и 75 години од основањето  на НУ „Танец“.

Програмата на Фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведби на дела што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Националната филхармонија, камерниот ансамбл „Алтус“, а Фестивалот ќе заврши со традиционалната трибина посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори.

Влезот за сите концерти е слободен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе