Драмскиот театар од Скопје гостува во Велес

од admin_kult

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, Драмскиот театар од Скопје денеска во 20:00 часот гостува на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс, работена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, a драматург е Александра Бошковска.

Костимите се креирани од Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и техниката „фри ранинг“ е на Симон Симоновски.

Улогите ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева-Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

На гостувањето во Велес, претставата ќе ја има својата триесетта изведба.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе