23 Октомври

од Ministerstvo za kultura

 

ДРЖАВНА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“   

Согласно со член 4-а од Законот за државните награди и Законот за  изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Конкурсот трае од 1 до 30 април.

Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 23 oктомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Државната награда „23 Октомври“ за првпат е доделена во 2007 година.


Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2016 година

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе