Св. Климент Охридски

од Ministerstvo za kultura

 

ДРЖАВНА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“  (8 декември)

Согласно со член 5 од Законот за државните награди и Законот за  изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Конкурсот трае од 1 до 30 јуни.

Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 8 декември – Ден на св. Климент Охридски. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за првпат е доделена во 1969 година.

 

Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за  2021 година


Конкурс за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2021 година

Пријава за поднесување на иницијатива за државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2021 година


Одлука за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2019 година


ПРИЈАВА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА 2019 ГОДИНА


Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски “ во 2019 г.


О Д Л У К А за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” во 2018 година 

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе