Албанскиот театар со „Диво месо“ гостува во Тирана

од admin_kult

Албанскиот театар од Скопје утре на 3 мај, во 19:00 часот, со претставата ,,Диво Месо“  од Горан Стефановски, ќе гостува во театарот ,,АрТурбина“  во Тирана.

Режисер на претставата е  Мартин Кочовски, а во претставата играат Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етем, Ментор Курти и Арбен Расими. Сценографијате а на Енес Деари, костимите на Едлира Кишка, а музиката на Оливер Јосифовски.

Претставата е во рамки на програмата на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе