Пораки по повод Меѓународниот ден на танцот, 29 април

од admin_kult

Танцовиот одбор на Македонскиот ИТИ Центар  ja избра прима балерината Александра Мијалковска за автор на македонската порака по повод  Меѓународниот ден на танцот, кој се одбележува на 29 април.

Во пораката, Мијалкова, балетски уметник при Националната опера и балет во Скопје нагласува дека  танцот е доказ на моќта на човечкиот дух, потврда за  креативноста, издржливоста и силата.

„Денес се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина и трансформативната моќ на танцот како уметничка форма која преку своето изразување ги надминува јазикот, културата и границите допирајќи ги срцата и душите на луѓето ширум светот. Се обединуваме да оддадеме почит на извонредната уметност на движење на телото како длабок израз на човечката креативност, различност и единство. Во танцот, наоѓаме не само убавина и грациозност, туку и заеднички јазик кој не обединува сите. “, вели во пораката Мијалкова.

Меѓународниот одбор на мрежата на ИТИ УНЕСКО ја избра аргентинската прима балерина Маријанела Њуноз, балетски уметник при Кралски балет во Буенос Аирес, за автор на светската порака.

„ Споменот не е доволен за да се создаде историја. И историјата на еден театар, е историја на на едните и на другите, и зборува за тоа како уметноста како и танцот мигрирала и растела во различни географски широчини“, наведува Њуноз во пораката по повод Светскиот ден на танцот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе