Мито Хаџи Василев – Јасмин

од Ministerstvo za kultura

 

ДРЖАВНА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ-ЈАСМИН“

Согласно со член 7 од Законот за државните награди и Законот за  изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06 и 54/07) со наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Во една година можат да се доделат најмногу две награди.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Конкурсот трае од 1 до 31 октомври.

Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.

Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ за 2021 година


КОНКУРС за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2021 г

ПРИЈАВА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ – ЈАСМИН“ ЗА 2021 ГОДИНА


ОДЛУКА за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин во 2019 година


К О Н К У Р С за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2019

ПРИЈАВА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ – ЈАСМИН“ ЗА 2019 ГОДИНА


Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ во 2018 година

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе