Фокус на македонскиот филм во мај во Кинотека

од admin_kult

Ретроспектива на филмовите на Столе Попов, годинашен добитник на наградата „Златен објектив“, но и други македонски филмови ќе бидат во фокусот на програмата на Кинотеката за месецов.

Домашната кино-сцена ќе биде претставена и преку ретроспективна проекција на кратките филмови на режисерите  Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова, новиот документарен филм на Игор Иванов – „Време на бетон“. Исто така и „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Горан Паскаљевиќ, како и документарецот „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ.

Во Кинотеката, месецов е и промоцијата на новиот филм потпишан од францускиот кино-провокатор Франсоа Озон.

Во рамки на програмата за овој месец, од 13 до 18 мај во Кинотеката ќе биде организирана и Недела на италијанскиот филм.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе