Танц Фест го одбележува Светскиот ден на танцот, „Менада“ за Марин Црвенов

од admin_kult

Со јубилејна претстава под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“, фестивалот Танц Фест, вечер, во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот,  ќе го одбележи 29 април, Светскиот ден на танцот.

Во рамки на одбележувањето на Денот, прочитана ќе биде и македонската порака, чиј автор годинава е примабалерината на Националната опера и балет Сандра Мијалкова, доделена ќе биде наградата „Менада“, а публиката ќе има можност да ја види и претставата „Место. Многу посебно за неа“.

Наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност постхумно ќе му биде доделена на балетскиот уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет, кој остави неизбришлив печат во развојот на македонскиот балет и кој активно делуваше на сцената во периодот од 1961 до 1990 година, како долгогодишен првенец.

По доделувањето на наградата ќе бидат изведени перформансите „THE BEST OF” на Рисима Рисимкин и „Место. Многу посебно за неа” на кореографката Адријана Данчевска.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе