Драмски театар-Скопје ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад драмски автор

од admin_kult

НУ Драмски театар, Скопје, на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски,  ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст кој ќе се избира по пат на јавен конкурс.

Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно  се проширува заложбата на Драмскиот театар за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо. Стефановски како млад драмски автор со драмските дела „Јане Задрогаз“ и „Диво месо“ во соработка со ДТС  постигна успеси за паметење. За временската рамка во која ќе се одвива конкурсот и пропозициите од истиот,  јавноста ќе биде дополнително информирана.

Драмскиот театар-Скопје ќе партиципира и во Фондацијата „Горан Стефановски“ основана со одлука на УКИМ на иницијатива на Факултетот за драмски уметности, а ќе земе и активно учество во реализацијата на програмските активности.    

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе