Промоција на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска

од admin_kult

Во КСП Центар – Јадро денеска (7 мај) во 19:30 часот ќе се одржи промоција на македонското издание на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска.

Промоцијата, која е дел од деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, ќе се одвива во дијалошки формат меѓу Сузана Милевска и Артан Садику, политички филозоф. Воведни зборови ќе има Искра Гешоска, теоретичарка на културата и културна работничка, а свои интервенции ќе има Тијана Ана Спасовска, историчарка на уметноста.

„Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ е избор од петнаесет есеи за партиципациската уметност со фокус на уметноста во Југоисточна и Централна Европа. Милевска ги напишала и ги објавувала овие текстови на англиски јазик во текот на повеќе од петнаесет години. За првпат овие есеи се објавуваат заедно во оваа збирка, почнувајќи со првиот есеј напишан на оваа тема во 2006 година. Сите есеи се преведени на македонски јазик и уредени од Ана Димишковска, деканка на Институтот за филозофија и професорка по логика и филозофија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Книгата на Милевска, „Контрапункт“ ја објави и на англиски јазик, а промоцијата на англиското издание беше во март 2024 година во Њујорк.

Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија и програмата Креативна Европа на Европската комисија, финансирана од Европската Унија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе