Мајка Тереза

од Ministerstvo za kultura

ДРЖАВНА НАГРАДА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ – ЗА ПРВ ПАТ Е ВОВЕДЕНА ВО 2006 ГОДИНА   

Согласно со член 8 од Законот за државните награди и Законот за  изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Во една година можат да се доделат најмногу две награди. Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Конкурс за доделување на државната награда Мајка Тереза” во 2019  година

Одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ во 2018 година

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе