IN MEMORIAM: Почина актерот Славиша Кајевски

од admin_kult

Познатиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби животот на 39-годишна возраст.

За министерката за култура Ирена Стефоска, како што стои во телеграмата со сочувство упатена до семејството Кајевски, Славиша ќе остане запаметен по високата професионалност.

„Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша!“, порача Стефоска.

Славиша Кајевски е роден на 1 февруари 1982 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 г., на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин. Од 2010 г. е актер во Македонскиот народен театар – Скопје. Во текот на својата кариера има остварено голем број улоги на театарската и на филмската сцена.

Комеморацијата по повод смртта на Славиша Кајевски ќе се одржи утре (3.12.2021 година) во 10:00 часот во МНТ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе