Промоција на „Прирачник за градење на институционален модел на јавно-граѓанско партнерство во културата …“

од admin_kult

По повод 10 години постоење на Асоцијацијата на независната културна сцена „Јадро“, во просториите на КСП Центар – Јадро денеска (9 декември), во 19 часот, ќе биде промовиран „Прирачник за градење на институционален модел на јавно-граѓанско партнерство во културата: досегашни искуства, предизвици и идни насоки“.

Уредник и автор на предговорот е Јане Чаловски, а со свои гледишта се застапени авторите: Искра Гешоска, Артан Садику, Јасмина Билаловиќ, Никола Гелевски, Дарко Алексовски, Симона Манчева и Дона Костуранова.

Организаторите информираат дека промоцијата ќе се состои од краток вовед на уредникот и разговор со авторите и со публиката во врска со предизвиците со кои се соочува независната културна сцена и сите актери во неа. Дискусијата ќе ја води програмската координаторка Тијана Ана Спасовска.

„Една од клучните цели што Асоцијацијата ги има поставено во својата мисија за сеопфатно зајакнување на независниот културен сектор, секако е транспарентното презентирање на принципот на јавно-граѓанско партнерство, што е воедно и фокусот на овој прирачник“, информираат од „Јадро“. Оттаму додаваат дека Прирачникот претставува сублимација на искуствата што се стекнати во процесите на артикулирање и застапување за моделот на јавно-граѓанско партнерство преку постојните законски регулативи во Република Северна Македонија.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе