Од денеска до 28 септември  ќе се одржуваат Европските денови на културното наследство

од admin_kult

Со изложбата „Европските денови на културното наследство на Балканот“, која ќе биде отворена денеска (22 септември) во 11:30 часот во Музејот на Северна Македонија, започнуваат активностите во рамките на манифестацијата „Европски денови на културното наследство“.

Триесетина музеи, граѓански здруженија, училишта и други институции од четиринаесет градови и населени места во нашата држава, до 28 септември ќе презентираат различни културни содржини преку кои Република Северна Македонија ќе се приклучи кон одбележувањето на заедничката европска тема – „Одржливо наследство“.

Од Музејот на Северна Македонија, како координатор на националната програма, појаснуваат дека со темата се става фокус на активната улога на заедниците коишто градат поодржлива и посигурна иднина за европскто наследство, во контекст на климатските промени и ризиците што тие ги носат.

„Европските денови на културното наследство, како заедничка иницијатива на Советот на Европа и на Европската комисија, се меѓу најшироко одбележуваните културни настани во Европа. Над 50 000 настани што ќе се реализираат годинава низ целиот континент, имаат цел да ја препознаат вредноста на заедничкото европско наследство и потребата тоа да се зачува за денешните и за идните генерации“, потенцираат од оваа национална установа. Оттаму додаваат дека во септември низ цела Европа се одвиваат најразлични активности (изложби, работилници, перформанси, организирани посети со водичи), коишто го промовираат одржливото наследство, истовремено истакнувајќи го значењето и на природните добра и биодиверзитетот.

Линк до видеоанимацијата за Европските денови на културното наследство https://nextcloud.scienseed.com/index.php/s/nsqz75W4LQ6wX9m, подготвена од страна на европскиот координатор и синхронизирана на македонски јазик.

ЛИНК до програмата

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе