КИЦ во Софија се претстави на манифестацијата со која во Бугарија се одбележа Европскиот ден на јазиците

од admin_kult

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, со своја програма учествуваше на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците – 30 Септември.

Како што информира КИЦ во Софија, според сценарио, режија и интерпретација на Ѓорги Георгиев-Антика, била претставена поезијата од Кочо Рацин, како и локалните говори од Кратово.

„Игор Дамјанов изведе голем број македонски народни и забавни песни пред многубројните посетители во центарот на Софија. Според реакциите, жителите на Софија исклучително позитивно реагираа на македонската поезија, музика и севкупна презентација“, информираат од КИЦ во Софија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе