Започнува Неделата на франкофонскиот филм во Кинотеката

од admin_kult

Со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика“ на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал, вечер во Кинотеката официјално ќе биде отворена Неделата на франкофонскиот филм, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.

Настанот ќе го отворат амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Хулман. По проекцијата на филмот, во фоајето на Кинотеката ќе биде отворена изложбата „Париски цртан филм“ од проф. д-р Јана Манева-Чупоска. Изложбата се состои од цртежи изработени на триесетметарска цртачка хартија, во техника јаглен, во форма на филмска лента. Оваа изложба е создадена во 2023 година во македонското ателје при Меѓународниот центар во Париз.

Програмата и филмовите што ќе се прикажуваат во рамките на Неделата на франкофонскиот филм се достапни на веб-страницата на Францускиот институт во Скопје: Institut Français | Skopje (ifs.mk).

Неделата на франкофонскиот филм се одржува во соработка со амбасадите на Швајцарија, Романија, Белгија, Албанија, Грција и на Бугарија, Бугарскиот културно-информативен центар и Кинотеката на Северна Македонија, и е во знак на одбележување на Месецот на франкофонијата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе