Во МНТ концерт „Џез-лектира“  во изведба на Џез-оркестарот

од admin_kult

Во Македонскиот народен театар утревечер (16 март) во 20:00 часот, Џез-оркестарот ќе го одржи концертот  „Џез-лектира“.

На концертот „Џез-лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на „Каунт Бејси биг бенд“, како и на соработката со современата американска џез-пејачка и пијанистка, Дајан Шур. По тој повод, специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ, една од најдобрите џез-пејачки на овие простори −информираат од Џез-оркестарот.

Од оваа национална установа нагласуваат дека билетите за овој концерт, студентите и пензионерите може да ги набават со 50 проценти попуст, со приложување  соодветен документ (индекс, легитимација, лична карта и сл.).

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе