Второ издание на „Клинци“ на „Култура Бета“

од admin_kult

Во Европската куќа во Скопје вечер (1 март) со почеток од 20 часот ќе се одржи настанот за млади „Клинци“.

На настанот ќе учествуваат младите автори Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Дамјан Златановски и Софија Тодороска, кои ќе се претстават со своја поезија и проза. Ќе биде поставена и изложба на младиот уметник Бојан Звездаковски.

Настанот е во организација на Неформалната организација за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ и има цел пошироко претставување на младите книжевници и ликовни уметници пред публиката. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе