Промоција на четири книги од Дубравка Угрешиќ

од admin_kult

Во КСП Центар – Јадро  вечер (9 мај) во 19:30 часот ќе се одржи промоција на 4 книги (box-set) од авторката Дубравка Угрешиќ, со превод од Владимир Јановски и Алек Кузмановски.

На промоцијата ќе говорат Владимир Јанковски – писател, преведувач и теоретичар на книжевноста и Петар Милат – филозоф, директор на Мултимедијалниот институт од Загреб и издавач, а и близок пријател на Дубравка Угрешиќ.

Во рамките на промоцијата ќе бидат промовирани 4 книги од Угрешиќ: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Црвеното училиште“ „Тука нема ништо!“, преведени од Владимир Јанковски и „Нарилник за вештерки“ преведена од Алек Кузмановски.

Промоцијата е во организација и партнерство меѓу Мултимедијалниот институт МАМА (Загреб) и Контрапункт/Крик – фестивал за критичка култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе