Во Битолскиот театар премиера на претставата „Хамлет – Денот на убиствата“ во режија на Марјан Неќак

од admin_kult

Во НУ Народен театар Битола вечер (1 март) во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Хамлет – Денот на убиствата“, според пиесата на Бернар-Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак.

Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата настапуваат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска.

Од НУ Народен театар – Битола информираат дека во претставата се употребени фрагменти од аријата „Несун Дорма“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од: Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе