Во Филхармонијата беше претставен проектот „Трансценденција за 4 пијана“

од admin_kult

Вчеравечер во Филхармонијата се одржа премиерата на концертот со наслов „Трансценденција за 4 пијана“ во изведба на пијанистките Дуња Иванова, Јанинка Невчева, Ива Дамјановски и Маријана Николовска.

– Првпат на македонската музичка сцена публиката имаше можност да слушне изведба на дела наменети за 4 пијана, целовечерна естетика низ призмата на современите музички автори Рајх, Калдини, Шоненбик, и основоположникот на музичката мисла Јохан Себастијан Бах – посочуваат од Филхармонијата.

Четирите пијанистки го претставија својот проект, поддржан од Министерството за култура, преку кој понудија оригиналност изведувајќи музика која е фузија на модерниот и на класичниот звук.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе