Концерт на италијанскиот гитарист Помпилио во Даут-пашиниот амам

од admin_kult

Фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола“ вечер (23 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам организира концерт на италијанскиот гитарист Лучиано Помпилио. На програмата се дела од: Бах, Кастелнуово-Тедеско, Паганини, Богдановиќ, Јанарели, Мангоре.

Станува збор за дисперзиран концерт во рамките на 31. издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола“, кој годинава ќе се одржи од 3 до 12 октомври.

Влезот за концертот е слободен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе