Во Театар Комедија вечер ќе се одигра претставата „Анатомија на неверството“

од admin_kult

Во Театар Комедија вечер (28 февруари) во 20:00 часот ќе се одигра претставата „Анатомија на неверството“ во режија на Александра Кардалевска.

Автор на текстот е Валентин Красногоров, драматург Дарко Јан Спасов, а костимограф е Ивана Каранфиловска. Играат Жаклина Петровска и Тони Денковски.

„Низ неколку засебни едночинки во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко-женските љубовни односи. Ликовите во сите едночинки се поставени во парадоксални ситуации, а самото сиже, спојувајќи две противречни состојби, претставува оксиморон кој го изразува самото неверство како болно задоволство, односно пријатна сензација што создава проблеми. На тој начин претставата игра по тенката линија на сарказмот и апсурдот создавајќи истовремено хумористични и драматични ситуации“, вели режисерката Александра Кардалевска.

Билетите се достапни на билетарницата во Театар Комедија и онлајн преку www.online.teatarkomedija.mk

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе