Ќе се основаат три нови национални установи од областа на културата

од admin_kult

Владата, на предлог од Министерството за култура, ја разгледа и ја усвои информацијата за потребата од основање три национални установи од областа на културата. Станува збор за новите национални установи: „Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, „Музички театар“ во Република Северна Македонија – Тетово и „Камерен оркестар на Битола“ – Битола.

„Меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес“ и денес функционира како депанданс на Заводот и музеј – Битола, иако е оддалечен повеќе од триесет километри од матичната институција, а е значаен поради тоа што во него, преку текстуални документи и фотографии, е претставено значењето на Смилевскиот конгрес од 1903 година.

Се основа и нова Национална установа „Музички театар“ во Република Северна Македонија – Тетово. Основна дејност на оваа установа ќе биде изведба, промоција и афирмација на албанската класична, џез, вокална и вокално-инструментална музика, а програмските определби ќе имаат рамноправен пристап кон сите граѓани.

Новата Национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, пак, се очекува значително да ја зголеми културната понуда во целиот Пелагониски плански регион, опфаќајќи ги градовите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе