Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право во Универзитетската библиотека

од admin_kult

По повод претстојниот Светски ден на книгата и авторското право, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје денеска (22 април), со почеток во 12:00 часот, ќе го организира веќе традиционалниот настан посветен на чествувањето на книгата, авторите и читателите, со подарување книги и рози во холот на Библиотеката.

За време на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право ќе бидат прочитани светската порака од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, и македонската порака што оваа година ја напиша нашата позната поетеса, пијанистка и композиторка Ива Дамјановски. На настанот ќе бидат прочитани извадоци од делата на легендарниот шпански писател Мигел де Сервантес.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе