Охридско лето со Новогодишен концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“

од admin_kult

Во рамките на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечер во 20:00 часот во Националната опера и балет – Скопје ќе се одржи „Новогодишен концерт“ со светски познатиот квартет „Диогенес“ од Германија.

Квартетот го сочинуваат Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау на виолончело.

На програмата се дела од Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе