Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот џез“

од admin_kult

Во рамките на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот џез“, вечер (23 април) во Филхармонијата со почеток во 20:00 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.

Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација од Тина Иванова. Веднаш потоа, во 21:00 часот на истата сцена ќе почне концертот на Биг бендот со музика од Кире Костов, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти, „Поетроника“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе