Честитка по повод одбележувањето на Денот на книгата и авторското право – 23 Април

од admin_kult

Костадиновска-Стојчевска: Одговорно ги негуваме книжевните вредности и авторскиот труд

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, го честита Светскиот ден на книгата и авторското право како ден кога ја славиме моќта на пишаниот збор, ги славиме книгите и творештвото на авторите.

„Наша одговорност и голема чест е да продолжиме да ги негуваме вистинските литературни вредности, да им ја откриваме радоста на читањето на помладите, да ги промовираме книгите пред поширока публика и да го заштитуваме авторскиот труд“, вели министерката за култура.

Таа додава дека продолжува поддршката на авторите кои со својата креативност и труд го обликуваат нашиот свет.

„И во ова време на дигитализација и брза размена на информации и содржини, книгата, како софистициран израз на човековата мисла, останува важен дел од нашата култура и секогаш ја има поддршката од Министерството за култура“, порачува Костадиновска-Стојчевска.

На Светскиот ден на книгата и авторското право, светот посебно внимание посветува и на заштитата на авторскиот труд и интелектуалната сопственост. Затоа, вели министерката за култура: „Продолжуваме кон целосно имплементирање на европски закони и стандарди за да ја унапредиме заштитата на авторското право, прашање од големо значење за културниот развој на општеството преку создавање нови вредни дела“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе