Со програмата „Паралели“, почнува 20. Танц-фест Скопје 2024

од admin_kult

Со изведба на современиот балет „Госпоѓиците од Авињон“, една од најзабележителните продукции на скорешната македонска балетска сцена, вечер во 20:00 часот во Националната опера и балет започнува јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал „Танц-фест Скопје 2024“.

На фестивалот, кој се реализира под мотото  „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“, ќе биде презентирана програмата „Паралели“, која опфаќа три современи кореографии на домашни автори и преку неа се означува соработката меѓу фестивалот и Националната опера и балет.

Современиот балет „Госпоѓиците од Авињон“ е со музика од Калиопи, Олга Панго  е кореограф, Сашо Димоски е автор на либретото, Валентин Светозарев на сценографијата, а Раде Василев ги изработи костимите.

На програмата „Паралели“, на 16 април следува претставата „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, со музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски. На 23 април на сцената на НОБ ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, а драматург е Соња Здравкова-Џепероска. Кореографиите се: „Раѓање“ на Ивана Коцевска, на музика од Дарија Андовска; „Преплетување“ на Адријана Данчевска, на музика од Александар Гроздановски и „Вознес“ на Саша Ефтимова, на музика од Александар Пејовски.

Фестивалот ќе го одбележи јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано и од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе