„Современи музи“ – изложба во Тетово

од admin_kult

Во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, утре, по повод      Меѓународниот ден на жената, во 18:30 часот ќе биде отворена колективната изложба „Современи музи“ на Здружението на ликовните уметници на градот Тетово.

Како што информираат од Здружението на ликовните уметници, во рамките на изложбата ќе бидат претставени 24 уметнички дела од областа на сликарството, графиката и дигиталната фотографија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе