Изложбата „Мајчинство“  во Чифте амам

од admin_kult

„Мајчинство“ е насловот на изложбата на дела од колекцијата на Националната галерија што ќе биде отворена утре, 7 март, во 19 часот во галерискиот простор на Чифте амам. Националната галерија традиционално, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, организира тематска изложба, испраќајќи честитка до сите жени.

Изложбата опфаќа дела од домашни и од странски автори кои се дел од богатата колекција на Националната галерија, а ја опфаќаат темата мајка и мајка со дете.

Во рамките на изложбата ќе може да се видат дела од: Димитар Андонов Папрадишки; авторите од првата основоположничка генерација, меѓу кои: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски; периодот на афирмацијата и навлегувањето на новите ликовни тенденции во повоените години, како: Петар Мазев, Ванчо Ѓорѓиевски, Глигор Чемерски и др. Исто така, застапени се и примери од авторите што припаѓаат на Југословенската збирка, меѓу кои: Иван Мештровиќ, Павле Симиќ, Лука Тошановиќ и др. Оваа презентација ќе ѝ овозможи на публиката да види ликовни остварувања од првите самоуки сликари, академски образовани уметници, како и од автори од поновите генерации.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе