Гала оперски концерт на Александрина Пендачанска

од admin_kult

На сцената на Националната опера и балет на 8 март, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран. На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски (баритон) во придружба на Oркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска, а концерт-мајстор e Климент Тодороски.

На програмата се оперски арии од композиторите: Бах, Моцарт, Бизе, Верди,  Росини, Леонкавало, Џордано и др.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе