Свечен настан во чест на лауреатот на Струшките вечери на поезијата, Хусто Хорхе Падрон

од admin_kult

Во Паркот на поезијатаво Струга денеска 11 април (вторник), со почеток во 12 часот, ќе се одржи чествување на лауреатот на „Струшките вечери на поезијата“, Хусто Хорхе Падрон. 

Организатор на настанот е НУМ „Струшки вечери на поезијата“, во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија.

„Во рамките на Програмата на настанот, по официјалните обраќања ќе бидe oдржана беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата од страна на нашиот истакнат универзитетски професор и поет Иван Џепароски, по која следува читање на поезијата на лауреатот. Специјални гости на настанот се членовите на најблиското семејство на лауреатот: неговата сопруга Клементина Филипова де Хорхе Падрон и Лара де Хорхе Филипова, нивната ќерка“, информираат од СВП.

Хусто Хорхе Падрон, лауреат на СВП за 1990 година, но и голем пријател на Струшките вечери на поезијата, е роден на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април 2021 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе