Промоција на книгата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“

од admin_kult

Во Музејот на македонската борба денеска (вторник, 5 март) од 18:30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ, во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Изданието ги сублимира сознанијата и знаењата што ги добила авторката низ стручното образование во областа на костимографијата и модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè, како филмски и музејски костимограф.   

Во книгата има цитати од романот „Крпен живот“ на Стале Попов, во кои детално се опишуваат постапките за креирање облека во домаќинството, а се вклучени и сведоштва на историски личности од почетокот на 20 век во Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе