Проектот „Македонски анимиран филм 1971 – 1991“ го отвори 19. издание на  фестивалот „Балканима“ во Белград

од admin_kult

Со проектот „Македонски анимиран филм 1971 – 1991“, вчера беше отворено 19. издание на  „Балканима“ – Европски фестивал на анимираниот филм, кој се одржува од 4 до 9 октомври во Белград. Проектот се состои од изложба на артефакти и филмска проекција на кратки анимирани филмови создадени во периодот од 1971 до 1991 година од пионерите на македонскиот анимиран филм: Петар Глигоровски, Дарко Марковиќ, Боро Пејчинов, Делчо Михајлов, Афродита Марковиќ, Мице Јанкуловски, Славољуб Игњатовиќ, Мирослав Грчев и Милутин Рогановиќ.  

„Македонски анимиран филм 1971 – 1991, Помеѓу златна доба и заборав“ се обидува да ја пополни празнината, да ја запознае денешната јавност со делата на авторите и да им даде признание на пионерите и великаните на македонскиот анимиран филм. Проектот го реализираат Иван Ивановски и Друштвото на филмските работници на Македонија, во соработка со Слободан Јаќоски, Кинотеката на РСМ и Вардар филм.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе