„Голем формат“ – изложба на ДЛУМ во Домот на Армијата

од admin_kult

Во Домот на Армијата вечер во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Голем формат“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложбата ќе ја отворат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска, и претседателот на Уметничкиот совет на ДЛУМ, Дијана Томиќ Радевска.

Селектирани се 25 уметници со различен пристап кон техниките сликарство, скулптура, цртеж, колаж, експериментални техники и графика. На изложбата ќе учествуваат: Ана Ивановска, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Ацо Таневски, Давор Ќешќец, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ивона Велковска, Ирена Паскали, Јасмина Новковска, Љубица Мешкова Солак, Марија Светиева, Мирослава Трујкановиќ, Мице Јанкуловски, Нела Јанковска, Никола Пијанманов, Перо Кованцалиев, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Стефан Хаџи Николов, Тања Таневска, Татјана Манева и Урош Вељковиќ.

Наградата за најдобро дело во голем формат годинава ќе му биде доделена на авторот Слободан Живковски за делото „Демократски тоталитаризам“.

Изложбата „Голем формат“ ќе трае до 25 октомври.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе