Претставата „Добри луѓе“ на Театарот „Златен Елец“ вечер на сцената на Театар „Комедија“

од admin_kult

На малата сцена на Театар „Комедија“ вечер (11 март) во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Добри луѓе“ според текст на Данкан Мекмилан. Оваа претстава од независната продукција на Театарот „Златен Елец“ е во режија на Тамара Стојаноска. Настапуваат: Тијана Трајчевска и Филип Христовски.

−„Добри луѓе“ е дуодрама работена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од проект на Марина Абрамовиќ и Улај. Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање − информираат од Театар „Комедија“.

Билетите се достапни на билетарницата во Театар „Комедија“ и онлајн преку https://online.teatarkomedija.mk/index.php?id=392 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе