Почина режисерката Виолета Џолева

од admin_kult

По кусо боледување, на 71-годишна возраст почина театарската и ТВ-режисерка Виолета Џолева.

Џолева дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974 година, а била член и на Радиодрама, режисерка во РТВ Скопје, како и во Камерниот театар во Сараево, по што од 1992 до 1994 година работела како слободна уметница, а од 1994 беше драматург и режисерка на МРТ.

Виолета Џолева е една од најплодните македонски режисерки. Во Драмскиот тетар – Скопје, Џолева режираше повеќе претстави, меѓу кои и: „Хенрих IV“ (1974), „Дамите од Аламо“ (1990), „Убиј ме душичке“ (1997) и „Чест“ (1998), „Партија реми“  (2018)  и „Земја во која не се стигнува“, според текст на Оливера Николова, во Театарот за деца и младинци.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе