Изложба на дела од 37. Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“

од admin_kult

Во галеријата на Осоговскиот манастир, со изложба на создадените уметнички дела од учесниците, заврши 37. Меѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, која традиционално се одржува во овој манастирски комплекс кај Крива Паланка.

Создадените 24 дела од уметници од: Швајцарија, Турција, Словенија, Полска, Бугарија и Македонија, ќе останат во богатата збирка на една од најреномираните ликовни манифестации во земјава и вo регионот.

Делата се инспирирани од прекрасната природа и духовноста на манастирот, а Колонијата се организира со поддршка од Министерството за култура, Општина Крива Паланка и МПЦ – ОА.

Изложбата од најновото издание на Колонијата ќе биде поставена и во повеќе други градови низ државава.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе