„Пејзажно искуство“ од Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска во Чифте амам

од admin_kult

По реализацијата на едно од најдобрите национални претставувања на 59. издание на Меѓународната ликовна изложба „Биенале во Венеција 2022“ (La Biennale di Venezia 2022) со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Националната галерија на Република Северна Македонија, како координатор на проектот, од 30 март, со почеток во 19 часот, го претставува овој проект пред македонската јавност.

Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во објектот Чифте амам, а изложбата ќе ја инаугурираат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и директорката на Националната галерија и комесар на проектот, Дита Старова-Ќерими.

Куратори на проектот се Ана Франговска и Сања Којиќ-Младенов, а ќе биде поставен во Чифте амам сѐ до 30 април.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе