Целодневен џез-хепенинг по повод  Меѓународниот  ден на џезот

од admin_kult

Во скопскиот парк „Ибни Пајко“ утре, на 30 април, вторник со почеток од 13:00 часот ќе се одржи осмото издание на целодневниот џез-хепенинг „Today it’s all about jazz“, со кој Националниот џез-оркестар се приклучува кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.

Годинава на сцената ќе настапат: Фани Поса Квартет (Србија, Хрватска и Германија),  Лана Јањанин Квартет (Хрватска), Карлос Сардуј Грув Месинџерс (Куба), Сашко Николовски Септет, Гоце Стевковски – Богданци Реунион квартет  и Џијан Емин и Магичниот оркестар (Северна Македонија).

На настапите ќе им претходи работилницата „Џез за деца“ на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат со музичките инструменти кои се користат во оркестарот, а и ќе учествуваат и во заедничка композиција.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе