„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотеката

од admin_kult

Кинотеката на Република Северна Македонија денеска напладне ќе го промовира своето најново печатено издание, автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел со наслов „Мојот последен здив“, со што ова значајно дело станува достапно на македонски јазик.

Издавањето на книгата е овозможено благодарејќи на Шпанската агенција за меѓународна соработка и развој (AECID) и на Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија.

– Станува збор за книга на еден од најзначајните режисери во историјата на филмската уметност, напишана пред самиот крај на неговиот живот, во Мексико, со помош на францускиот писател и сценарист Жан-Клод Кариер, негов постојан соработник, косценарист на сите филмови од последната, „француска“ етапа во кариерата. Автобиографијата, која е поделена на дваесетина хронолошки подредени поглавја одделени со наслови, првпат е објавена на француски јазик во Париз, во 1982, нецела година пред смртта на Буњуел – пишува д-р Атанас Чупоски во предговорот на изданието.

Книгата ќе ја промовираат историчарот на уметноста и заменик-амбасадор во Шпанската амбасада во Скопје, Ернесто Eредеро дел Кампо, проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет при УКИМ и доц. д-р Атанас Чупоски, советник филмолог во Кинотеката и професор на Факултетот за филмски уметности при Универзитетот „Еуропа Прима“, кој е и автор на предговорот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе