Националната опера и балет со „Севилскиот бербер“ќе гостува во Белград

од admin_kult

Ансамблот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија на 1 април (сабота) ќе гостува во Белград со операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Операта ќе биде изведена на големата сцена на Народниот театар во Белград, со почеток во 19:30 часот, под режисерската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Урсула Хорнер.

Во оваа комична опера во два чина, работена според делото „Трилогијата на Фигаро“ од Пјер Бомарше, ќе настапат: Васко Здравков, Билјана Јосифов, Благој Нацоски, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска Мадевска и други.

Гостувањето ќе се реализира во рамките на платформата „Театар Отворен Балкан“.

Станува збор за стратегиска културна соработка меѓу Народниот театар од Белград, Националната опера и балет на Република Северна Македонија, Националната опера и балет од Тирана и Македонскиот народен театар во областа на драмата, операта и балетот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе