Обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ со две изведби

од admin_kult

На големата сцена на Националната опера и балет вечер (28 март), со почеток во 20 часот, ќе биде изведена обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски. Втората изведба е закажана за 12 април во 20 часот. Премиерно, балетската претстава се одржала во 2011 година во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина – Климент Тодороски.

Во главните улоги на 28 март ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Во главните улоги на 12 април ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

„Безвременската волшебна балетска бајка ’Заспаната убавица‘, преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски, ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер“, информираат од Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе