Нови Сад, Еш и Каунас се европски престолнини на културата во 2022 година

од admin_kult

Нови Сад во Србија, Каунас во Литванија и Еш на Алзет во Луксембург се европски престолнини на културата во 2022 година. Титулата се доделува по едногодишна пауза бидејќи пандемијата го измени календарот на нејзините носители.

Нови Сад е меѓу првите градови надвор од Европската Унија што ќе ја носи титулата европска престолнина на културата. Неговата целогодишна програма ќе почне на 13 јануари со „Дочек“ – уникатна уметничка прослава во Европа, која првпат ќе биде видена на овие простори. „Дочек“ ќе собере над 400 уметници од Србија и од цела Европа, промовирајќи го низ уметност наследството на големите научници: Никола Тесла, Милева Мариќ Ајнштајн, Милутин Миланковиќ

Каунас, пак, е втор литвански град што ќе ја носи титулата „европска престолнина на културата“ која во 2009 ја имаше главниот град на државата, Вилнус, заедно со Линц во Австрија и норвешкиот Ставангер. Свеченото отворање на „Каунас 2022“ е закажано за 22 јануари 2022 година. Околу 40 фестивали, над 60 изложби и 250 сценски настани и концерти ќе опфати програмата замислена како голема европска сцена.

Европска престолнина на културата во 2022 г. ќе биде и Еш на реката Алзет, град што е втор по големина во Луксембург. Церемонијата на отворањето, со наслов „Remix“, ќе се одржи на 26 февруари 2022 година.

Проектот „Европска престолнина на културата“ почна во 1985 година на иницијатива од Мелина Меркури, тогашна министерка за култура на Грција. Целта на иницијативата е да ги заштити и да ги промовира разновидноста на културите во Европа, да го прошири пристапот и учеството во културата, да ги засили капацитетите на културниот сектор и да го подигне меѓународниот профил на градовите преку културата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе