НОБ со „Госпоѓиците од Авињон“ гостуваше во Белград

од admin_kult

Со претставата „Госпоѓиците од Авињон“, во кореографија и режија на Олга Панго, Националната опера и балет синоќа гостуваше на Големата сцена на Народниот театар во Белград.

Гостувањето уследи по потпишувањето на договорот за соработка меѓу националните театри, опери и балетот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.

Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ е балет во девет сцени со врвна авторска и соло екипа. Музиката ја компонираше познатата македонска пејачка Калиопи Букле, а либретото и драматургијата ги напиша Сашо Димоски.

Во балетската претстава играат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Накевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лоцеј, Агим Бафтии и Ендрју Кук.

Костимограф е Раде Василев, а за мултимедијалниот дизајн на претставата беше задолжен Емил Петров. Премиерата на балетот „Дамите од Авињон“ се одржа на 9 март минатата година во Скопје.

Претходно, во рамките на иницијативата, Националната опера гостуваше во Белград со „Севилскиот бербер“, додека во декември минатата година во Скопје гостуваше Балетот на Народниот театар од Белград со „Жизел“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе