Македонската филхармонија ќе гостува во Подгорица и во Дубровник

од admin_kult

Оркестарот на Македонската филхармонија следната недела ќе гостува во Подгорица (4 јули) и во Дубровник (6 јули). Во Подгорица, концертот ќе се одржи во Музичкиот центар на Црна Гора, а во Дубровник, Оркестарот на Филхармонијата ќе настапи во „Књежев двор“. 

На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Kамиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе