„Куршумли ан“ прогласен за културно наследство од особено значење

од admin_kult

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија,  а на предлог на Управата за заштита на културното наследство, „Куршумли ан“  е прогласен за културно наследство од особено значење.

Со оваа одлука се овозможува трајно зачувување на Куршумли ан во изворна состојба. Исто така одлуката  ќе придонесе за ширење на неговите вредности и значење, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши, или може да настане оштетување или деградирање на овој значаен културно-историски споменик од архитектонското наследство.

Куршумли Ан кој е изграден во средината на ХVI век  и кој претставува споменик на културата се наоѓа на левиот брег на реката Вардар во некогашна железарска чаршија во Скопје во дворот на Музејот на Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе