Костадиновска-Стојчевска во увид на манастирскиот комплекс во Матејче

од admin_kult

-Изнаоѓаме соодветни решенија за црквата „Успение на Пресвета Богородица” – манастир Матејче активно да функционира и да се ревитализира целиот комплекс, вели министерката за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска на чија иницијатива, денеска беше направен увид во најновите состојби со манастирската црква во Матајче, заедно со  градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, директорот на УЗКН, Аријан Асланај и директорот на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани.

„Само во заедничка координација, преземените мерки и заштитни интервенции ќе имаат подолготраен ефект и ќе ја обезбедат потребната заштита“, вели Костадиновска-Стојчевска, потсетувајќи дека во 2021 година со средства од Програмата за културно наследство во опасност на Министерството за култура, преку надлежната установа Конзерваторски центар–Скопје се реализираше проект за непосредна заштита на архитектурата и изведбата на оловен покрив над објектот.

По последните вандалски оштетувања на кровот на црквата, надлежните констатираа дека се  потребни итни превентивни интервенции усогласени со сите субјекти на централно и локално ниво.

Mанастирскиот комплекс „Успение на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во атарот на селото Матејче, Кумановско претставува културно наследство од највисока вредност, а црквата во овој комплекс од средината на XIV век го содржи најобемниот фрескоансамбл на наша територија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе